дома Избрано Во 2024 година имало повеќе вооружени конфликти отколку во која било година...

Во 2024 година имало повеќе вооружени конфликти отколку во која било година од Втората светска војна

Во 2024 година имало повеќе вооружени конфликти отколку во која било година од Втората светска војна

   Во 2024 година имало повеќе вооружени конфликти отколку во која било година по Втората светска војна, објавија денеска истражувачите од организацијата Програма за податоци за конфликти (UCDP) со седиште на Универзитетот во Упсала во Шведска.
Тие нагласуваат дека лани биле регистрирани 61 меѓудржавен конфликт, вклучувајќи 11 војни во кои цивилите биле особено изложени на ризик.

Цивили не биле само колатерална штета, туку и жртви на намерно насочени напади, велат шведските истражувачи.

Речиси 160.000 луѓе ширум светот загинаа минатата година како резултат на организирано насилство, што е петти најголем број жртви од 1989 година, објавува лондонски Гардијан.

Предходна(Видео)Мицковски за притворениот газда на „Рубикон“ Нацев, знаел само дека бил некаков функционер во владата на Груевски ?!
СледнаЦарините за увоз на кинески стоки од 55 проценти остануваат непроменети, објави американскиот министер за трговија Хауард Лутник.