Владата на Србија и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) потпишаа договор за заем од 50 милиони долари и договор за проектот за подобрување на квалитетот на воздухот, чија цел е да се затворат, односно да се отстранат од употреба, еколошки штетните котларници што користат фосилни горива – јаглен или мазут – низ цела Србија.
Договорот за заем го потпишаа министерот за финансии Синиша Мали и директорот на ЕБОР за Западен Балкан Матео Чоланѓели, додека министерката за заштита на животната средина Сара Павков го потпиша Договорот за проектот, соопшти Министерството за финансии. Планирано е проектот да биде завршен до декември 2029 година.