Како дел од истрагата за трагедијата во ПУЛС на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денес се приведени уште неколку полициски службеници, ексклузивно дознава Инфомакс.
Во несреќата која се случи на 16 март 2025 година во кочанската нелегална дискотека ПУЛС животот го загубија 62 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Загинатите се претежно млади луѓе, а неколкумина од нив беа и малолетници.