Не реков само за Османи ги спомнав и Ковачевски Маричиќ и Пендаровски. Немав намера и не делев по етничка припадност одговори Мицковски на гостувањето на вестите на Алсат М прашан зошто таков напад направи вчера обвинувајќи го екс министерот Османи дека со францускиот предлог ни зарил нож во плуќата и дека тоа како што рече на Бујар ќе му го памтиме. Не не беше мојата изјава за Османи ги спомнав и другите, посебно Пендаровски кој се фалеше дека тој учествувал во составувањето на францускиот предлог рече Мицковски обидувајќи се да ја спушти топката по вчерашниот остар заканувачки напад на адеса на Бујар Османи.
Влечете за уши, делите жолти картони, навредувате, понижувате…, и сега последно – клеветите?
Користиш алузии на христовата жртва (закова шајки во раце и нозе) за над етничката да ја разгориш и религиската нетолеранција му врати Османи на премиерот Мицковски