дома Технологии Вештачката интелигенција повеќе ги загрозува работните места на жените отколку на мажите

Вештачката интелигенција повеќе ги загрозува работните места на жените отколку на мажите

Нов извештај спонзориран од ОН покажа дека работните места на жените во земјите со високи приходи се изложени на поголем ризик да бидат заменети или погодени од вештачката интелигенција отколку нивните машки колеги.

Во студијата на Меѓународната организација на работата (МОР) и Националниот истражувачки институт на Министерството за дигитални работи на Полска (НАСК) утврдено е дека автоматизацијата би можела да замени нешто помалку од 10 отсто од позициите на кои доминираат жените во земјите со високи приходи, во споредба со 3,5 отсто за мажите, пишува „Еуроњуз“.

Најголемата разлика помеѓу работните места на кои доминираат мажите и жените се појавуваат во земјите со високи приходи, каде што 41 отсто од сите работни места на жените може да бидат изложени на вештачка интелигенција, во споредба со 28 отсто од работните места на мажи.

Во Европа и Централна Азија, 39 отсто од работните места на жени може да бидат погодени, во споредба со 26 отсто од работните места на мажи.

Моделите идентификувани во студијата „ги одразуваат професионалните структури“ и покажуваат дека работните места изложени на вештачка интелигенција се „концентрирани во земјите со повисоки приходи“.

Генерално, МОТ откри дека еден од четири работници во светот работи во професија со одреден степен на изложеност на вештачката интелигенција.

Целосна замена со вештачката интелигенција сè уште е „ограничена“

За да се дојде до овие наоди, била спроведена анкета со 1.640 луѓе вработени во различни области во Полска, а резултатите ги анализирала мала група меѓународни експерти.

Студијата утврдила дека канцелариските професии како што се службеници за внесување податоци, дактилографи, оператори за обработка на текст, сметководители и книговодители се најизложени на вештачка интелигенција (ВИ), поради некои од задачите во тие професии, како што се водење белешки на состаноци или закажување термини.

Други професии со висока изложеност на вештачка интелигенција вклучуваат веб и медиумски програмери, експерти за бази на податоци, финансии и софтверски работи.

Студијата напоменува дека овие бројки одразуваат „потенцијална изложеност“, но не ги одразуваат вистинските загуби на работни места.

Целосната замена со вештачка интелигенција е сè уште „ограничена“, продолжува извештајот, нагласувајќи дека и понатаму е  потребно човечко учество за надгледување на одредени задачи.

Бидејќи повеќето професии содржат задачи што бараат човечки придонес, трансформацијата на работите е најверојатното влијание на генеративната вештачка интелигенција“, се наведува во извештајот.

Она што би можело да влијае на бројот на изгубени работни места или на поширокото усвојување на вештачката интелигенција се технолошките ограничувања, инфраструктурните недостатоци и недостигот на вештини, продолжува извештајот.

Извештајот ги повикува владите, работодавачите и работничките организации да обликуваат „инклузивни стратегии“ што можат да помогнат во заштитата на квалитетот на работните места и продуктивноста во загрозените области.

Лесно е да се изгубите во возбудата околу вештачката интелигенција. Она што ни треба е јасност и контекст“, рекла Жанин Берг, виша економистка во МОТ.

ПредходнаЗошто сите ги сакаат телефоните на преклоп Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6?
СледнаВИДЕО | „Кого удрам не жалам“: Хуманоиден робот изгуби контрола за време на тестирање, ги „истепа“ вработените