дома Свет Во израелските напади врз Иран убиени најмалку 224 лица

Во израелските напади врз Иран убиени најмалку 224 лица

Во израелските напади врз Иран убиени најмалку 224 лица

 Во израелските напади врз Иран убиени се  најмалку 224 лица, а повредени повеќе од 1.000 од петокот, соопшти иранското Министерство за здравство.

-По 65 часа агресија од страна на ционистичкиот режим, 224 жени, мажи и деца загинаа како маченици, напиша портпаролот на Министерството за здравство, Хосеин Керманпур.

Повеќе од 90 проценти од жртвите беа цивили, додаде тој.

Израел започна невиден напад врз иранските воени и нуклеарни објекти во петокот наутро, велејќи дека целта му е да ја спречи Исламската Република да развива нуклеарно оружје. Иран одговори со напад врз Израел со стотици ракети и дронови.

ПредходнаСинодско искушение
СледнаМакрон ја отфрла идејата на Трамп за Путин како посредник во мирот