Музичкиот состав „Фидбек Бенд“, кој повеќе од една деценија успешно делува на нашата сцена, ја промовира својата нова песна под наслов „Пали Запали“.

За оваа баладична композиција е снимен и видео запис.Песната е исполнета со силни емоции и длабока љубов, прикажувајќи приказна која ќе резонира кај многумина. Музиката и текстот се креација на Драган Ристовски – Дац и Гога Вучиќ, а аранжманот е дело на Дац. Комплетната продукција, вклучувајќи го и видеото, е изработена од „Индустриал Медиа“.„Најголемиот дел од песната ‘Пали Запали’ беше завршен уште пред неколку месеци, кога на нашиот бенд му се приклучи Александар Тасевски. Чекавме идеален момент да ја објавиме и сме среќни што конечно проектот е во публицитет. Очекуваме да биде позитивно прифатена од нашата публика, исто како и претходните проекти на кои работевме. И покрај бројните активности во текот на овој период, не сакаме да ја оставиме јавноста без нешто ново и свежо“,велат членовите на бендот.




