дома Магазин Не ја фрлајте кората од пармезан: Искористете ја на овие генијални начини

Не ја фрлајте кората од пармезан: Искористете ја на овие генијални начини

Вистинскиот пармезан Реџано со причина ја носи титулата „крал на сирењата“ – ова извонредно италијанско сирење се произведува со векови во одредени региони на Италија само со сирово млеко, сириште и сол.

За разлика од многу други сирења, овој производ не содржи никакви додатоци, а воедно е и сирење со заштитена ознака за потекло (ПДО).

Го карактеризира светло жолта, кремаста боја, потемна и погуста, но јадлива кора, а кога ќе се исече, сирењето многу лесно се распаѓа – што го прави идеално за рендање. Со својот уникатен вкус и мирис, пармезанот е незаменлив во многу италијански јадења, особено со тестенини.

И да, добро прочитавте – неговата кора е јадлива! Затоа, следниот пат кога ќе го рендате пармезанот врз тестенини или ќе ги собирате последните трошки од даската со сирења, никако не ја фрлајте неговата препознатлива кора.

Еве неколку одлични начини како да ја искористите:

1. Доматен сос

Еден од најдобрите трикови за збогатување на вкусот на италијанските црвени сосови е додавањето малку кора од пармезан. Без разлика дали станува збор за маринара или болоњезе сос, ќе стане уште повкусно кога ќе додадете солена зрела кора на пармезан. Најдобро е да ја додадете на почетокот од готвењето, бидејќи колку подолго се готви, толку повеќе вкус ќе ослободи.

2. Крцкави залачиња од пармезан

Ако сте љубител на крекери со сирење,овие ќе ги обожавате. Идеални се кога на кората останало само малку сирење – околу 3 до 6 мм, инаку ќе бидат премногу тврди за јадење.

Еве како да ги подготвите: исечете ја кората на квадрати од 2 до 5 см, наредете ги на чинија и загрејте ги во микробранова печка 1 до 2 минути. Оставете ги да се изладат и ќе добиете совршено крцкави залачиња со богат вкус на пармезан.

3. Бујон за супа

Кората од пармезан е одличен додаток за збогатување на вкусот на супи. Бидејќи супит, односно бујоните за супа често имаат поблаг вкус, пармезанот ќе додаде длабочина и богатство на вкусот. Едноставно додадете ја кората во бујонот додека се вари, односно во супата. Бујонот со пармезан можете да  го употребите и во други рецепти, на пример, во оризот.

ПредходнаНамирница која им помага на пушачите, но и на срцето и крвните садови
СледнаВИДЕО | Спектакуларно: Јужниот пол на Сонцето снимен за првпат во историјата