дома Свет Моќни експлозии одекнаа во Ерусалим и Тел Авив откако Иран испука ракети

Моќни експлозии одекнаа во Ерусалим и Тел Авив откако Иран испука ракети

Моќни експлозии одекнаа во Ерусалим и Тел Авив откако Иран испука ракети

 Моќни експлозии одекнаа утрово во Ерусалим и Тел Авив откако Иран испука ракети кон Израел, пренесуваат медиумите.

Претходно, сирени за воздушен напад се огласија во неколку израелски области.

Израелската армија објави дека е во тек операција за пресретнување на ракетите. Подоцна соопшти дека заканата поминала и дека луѓето можеле да ги напуштат засолништата.

Порано утрово, израелската армија објави дека извршила неколку големи напади преку ноќ врз воената инфраструктура во западен Иран.

ПредходнаСловачка и Португалија бараат помош од Кипар за евакуација на граѓани од Израел
СледнаИДФ: Израелските одбранбени сили уништија една третина од иранските лансери за балистички ракети