дома Македонија Политика ВМРО не е ваша сопственост“, му порача Костадин Костадинов на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО не е ваша сопственост“, му порача Костадин Костадинов на ВМРО-ДПМНЕ


Не е проблем тоа што ВМРО-ДПМНЕ не разбира политика. Проблемот е што не разбираат ни историја, ни идеологија, ни нација“, напиша на „Фејсбук“ градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

– Ова го пишувам не како противник, туку како социјалдемократ. Како човек што со љубов и длабоко разбирање ја познава историјата на македонската борба. Како некој што ја почитува вистината – и Преспанскиот договор како нужност и државнички чин. Не сум неутрален. Сум на страната на прогресот, на народот и на вистината. Затоа имам обврска да проговорам. ВМРО не е ваша сопственост. ВМРО не е ваш изум, ниту ваше право. ВМРО е во генот на Македонецот – како стремеж за правда, за национално достоинство, за социјална еднаквост и меѓуетничко разбирање. Тоа ВМРО било и ќе остане идеја што нè надминува сите. Секој што мисли дека ВМРО започнува и завршува со ДПМНЕ – ја навредува историјата“, вели Костадинов.

„Секој што мисли дека ВМРО е партиска ексклузива – му плука в лице на Гоце Делчев и сите идеалисти што го сонуваа народот како господар на својата судбина, а не како публика за дневна политика. Денешното ВМРО-ДПМНЕ не е ништо од тоа. Тие се само блед одраз на нешто што никогаш не го разбрале“, додава струмичкиот градоначалник.

ПредходнаМаксо ќе трча за трет мандат градоначалник на Куманово ВМРО ДПМНЕ ќе му биде ветер во грб
СледнаФилипче: Пад на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ