Аперол шприц е популарен италијански коктел кој се подготвува од само три состојки – ликерот Аперол, пенливо вино просеко и газирана вода, пишува „Пун куфер“.
Ние ви предлагаме освежителна, замрзната верзија од овој пијалак, која вклучува многу мраз и газиран сок од портокал наместо минерална вода.
За подготовка на замрзнат Аперол шприц ќе ви биде потребен добар блендер или сечко, за да ги претворите коцките мраз во пијалак со текстура на слатка кашеста маса – сличен на слуши, но за возрасни.
Потребни состојки за два коктела:
- 400 г коцки мраз
- 150 мл пенливо вино (просеко)
- 120 мл ликер Аперол
- 100 мл газиран сок од портокал
Подготовка:
Ставете ги мразот, пенливото вино, Аперолот и сокот од портокал во блендер. Мешајте додека состојките не се соединат и не добиете густа, освежителна смеса. Истурете во две чаши и украсете со парче свеж портокал, по желба.
Уживајте!