дома Магазин Мора да покаже приватни пораки на суд: Тејлор Свифт повторно вмешана во...

Мора да покаже приватни пораки на суд: Тејлор Свифт повторно вмешана во правната драма помеѓу Џастин Балдони и Блејк Лајвли

Пејачката Тејлор Свифт повторно е вмешана во правната битка помеѓу актерот Џастин Балдони и актерката Блејк Лајвли околу филмот „Ова завршува со нас“ (It Ends With Us). Федералниот судија Луис Лиман во среда пресуди дека Балдони може да побара транскрипти од комуникациите помеѓу пејачката и Лајвли во врска со филмот, објави „Пејџ сикс“.

„Барањата за текстуални пораки што таа ги разменила со Свифт, а кои се поврзани со филмот и оваа тужба, се разумно прилагодени за да извлечат информации што би можеле да ги докажат или побијат наводите на Лајвли за вознемирување и одмазда“, рече судијата.

Пораките, сепак, мора да бидат поврзани исклучиво со филмот „Ова завршува со нас“ или со овој правен спор меѓу нив.

Адвокатите на Лајвли се обидоа да постигнат спогодба со тимот на Балдони, но не успеаја. Адвокатите на актерката ѝ ги понудија на другата страна сите документи што ги сакаа, освен текстуалните пораки со Свифт, во замена за сите снимки поврзани со филмот и целосни, нецензурирани верзии на комуникациите наведени во тужбата на Балдони. Сепак, адвокатот на Балдони не се согласи на таков договор.

Одлуката на судијата доаѓа откако Лајвли во петокот побара од судот да ја заштити нејзината приватна преписка со Свифт, тврдејќи дека пораките не се клучни за нејзината тужба во декември во која Балдони се обвинува за сексуално вознемирување и координирана кампања за клевета насочена кон уништување на нејзината кариера.

Свифт беше вмешана во правната драма меѓу режисерката и Лајвли уште во јануари, кога беше именувана во сега отфрлената контратужба на Балдони од 400 милиони долари. Според тужбата, режисерот ја обвинува актерката дека го искористила статусот на пејачката и статусот на нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс за да го добие она што го сакала на снимањето на „Ова завршува со нас“.

Адвокатот на Балдони, Брајан Фридман, цитираше пораки во кои Свифт и Рејнолдс се опишани како „змејови“ и „заштитници“ на Лајвли.

„Пораката не можеше да биде појасна. Балдони не се справуваше само со Лајвли, туку и со нејзините ‘змејови’, две од највлијателните и најбогатите познати личности во светот кои не се плашеа да му ја комплицираат ситуацијата“, тврдеше Фридман.

ПредходнаЛето во чаша: Рецепт за замрзнат коктел Аперол шприц
Следна„Најк“ го одложи лансирањето на женски бренд во партнерство со Ким Кардашијан