Пејачот Род Стјуарт го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека се обидува да го уништи палестинскиот народ, тврдејќи дека тој „им прави на Палестинците она што им се случи на Евреите“ во минатото.
Поп-ѕвездата, која настапи во Тел Авив во 2017 година и покрај повиците за бојкот на Израел, рече дека целта на Нетанјаху е „уништување“ на Палестинците, пишува британскиот „Телеграф“.
„Она што Нетанјаху им го прави на Палестинците е токму она што им се случи на Евреите. Тоа е уништување, и негова цел е да се ослободи од сите нив.. Не знам како може да спие мирно“, изјави популарниот пејач.