Многумина ги користат социјалните мрежи за споделување семејни фотографии, но не и Џулија Робертс. Ретко ги гледаме нејзините деца, но сега таа објави фотографија од својот најмлад син.
Имено, таа објави ретка фотографија од својот син Хенри на својот инстаграм-профил, а поводот беше неговиот 18-ти роденден.
Заедно со фотографијата, гордата мајка напиша кратка и слатка порака со која му честита на својот син за полнолетството. Исто како и сите мајки, таа забележа колку брзо лета времето.
„Дур да трепнам, ова момче направи 18. Те сакам Хенри“, напиша Џулија.
На фотографијата што ја објави, Хенри е во помлада возраст, насмеан и весел, што ги допре срцата на многу следбеници на познатата актерка, како и на нејзината колешка Џенифер Анистон, која напиша: „Среќен роденден, сладок Хенри“, додека сопругата на Том Хенкс додаде: „Хенри!!!!! Среќен роденден!!!!“
Џулија е позната по тоа што ги држи своите деца подалеку од очите на јавноста, па затоа оваа објава предизвика голем интерес кај нејзините следбеници.