дома Локално Нов спортски комплекс во Кратово – секој град заслужува квалитетни спортски услови

Нов спортски комплекс во Кратово – секој град заслужува квалитетни спортски услови


Министерството за спорт продолжува со реализација на капитални инвестиции во спортската инфраструктура низ цела држава. Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со вицепремиерот Љупчо Димовски и со градоначалникот на Кратово, Тодорче Николовски, денеска свечено го пуштија во употреба новиот, целосно реконструиран спортски центар.

Овој современо уреден спортски комплекс во Кратово, во кој Министерството за спорт инвестираше 4.7 милиони денари, содржи: фудбалско игралиште со вештачка трева, одбојкарско игралиште, трибини на две нивоа и фитнес зона опремена со реквизити.

Спортскиот центар е дел од пошироката стратегија на Министерството за спорт за унапредување на спортска инфраструктура и создавање услови за здрав и активен живот на сите граѓани, особено на младата популација.

ПредходнаДва града во Хрватска им плаќаат на бабите и дедовците да се грижат за своите внуци
СледнаПреспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот наратив дома и веројатно погрешно пласиран – Димитров во „Вин-Вин“