дома Свет Иран го очекувал нападот врз објектот Фордо

Иран го очекувал нападот врз објектот Фордо

Иран очекуваше напад врз нуклеарниот објект во Фордо, па затоа евакуираше, не е нанесена неповратна штета на објектот, изјави советникот на претседателот на иранскиот парламент Мехди Мохамади на социјалната мрежа X, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нови удари врз Иран.

По неколкудневно размислување, одлуката на Трамп да се придружи на воената кампања на Израел против Иран го интензивираше конфликтот.ме.

Соединетите држави го информирале Иран преку дипломатски канали дека планот на САД не вклучува напори за соборување на иранскиот режим и дека нападите се сè што САД планираат да направат.

„Од гледна точка на Иран, не се случи ништо изненадувачки. Иран очекуваше напади врз Фордо веќе неколку дена. Овој нуклеарен објект беше евакуиран, нуклеарниот објект не претрпе неповратна штета за време на денешниот напад“, напиша Мохамади на својот профил.

Претходно американскиот претседател Доналд Трамп објави за успешна операција на американската армија против три ирански нуклеарни објекти во Натанц, Фордо и Исфахан. Претседателот рече дека по американските напади, Техеран мора да се согласи да „ја заврши оваа војна“, која всушност ја започна американскиот сојузник Израел со масивниот воздушен напад врз Иран.

Новинската агенција Fars, повикувајќи се на иранските власти, објави дека нуклеарните постројки во Исфахан и Фордо биле подложени на воздушни напади. Член на иранскиот Совет за проценка на целесообразноста, Мохсен Резаи, претходно изјави дека Иран ги преместил сите свои „збогатени нуклеарни материјали“ на безбедна локација.

ПредходнаВрховниот ирански водач го подготвува избoрот на својот наследник, според NYT
СледнаFox News: САД ги погодија нуклеарните објекти на Иран со противбункерски бомби и крстосувачки ракети