дома Свет Трамп: САД извршија „многу успешен напад“ врз три ирански нуклеарни постројки, вклучувајќи...

Трамп: САД извршија „многу успешен напад“ врз три ирански нуклеарни постројки, вклучувајќи го и Фордо

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа „Truth Social“ дека САД извршиле „многу успешен напад“ врз три нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи го и Фордо.

„Го завршивме нашиот многу успешен напад врз трите нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи ги Фордо, Натанз и Исфахан“, напиша Трамп. „Сите авиони сега се надвор од иранскиот воздушен простор. Цел товар БОМБИ беше фрлен на главната локација, Фордо. Сите авиони се враќаат безбедно“, додаде тој и им честиташе на „големите американски воини“.

Трамп ја заврши својата објава со зборовите: „Сега е време за мир“.

Во друга објава на „Truth Social“, претседателот напиша: „Фордо го нема“.

Бомбардирањето беше извршено откако бомбардерите Б-2 беа испратени на островот Гуам претходно вчера, соопштија американски извори. Висок американски функционер изјави дека бомбардерите Б-2 биле вклучени во нападите врз нуклеарните постројки на Иран. Се уште не е јасно дали израелските сили биле вклучени во бомбардирањето, кое значително го прошири опсегот на воената акција.

ПредходнаНетанјаху го поздрави Доналд Трамп за „храбрите напади“ врз иранските нуклеарни постројки
СледнаРеакции на светски лидери по нападите на САД врз цели во Иран