Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, утрово во објава на Фејсбук нагласи дека во Чаир има 13 илјади дивоградби и го предупреди министерот за транспорт, Александар Николоски дека менување на електронска евиденција е кривично дело.

– 13.000 ТРИНАЕСЕТ ИЛЈАДИ ДИВОГРАДБИ ВО ЧАИРПрашањето ми е колку има заведено во оригиналната архивска книга за која истрага води Јавното обвинителство и колку има во електронската евиденција на Министерството за транспорт. Ќе праша некој? Алфа, Сител? ТОЛКУ
Само да го предупредам министерон Ацо Дубаи дека менување на електронската евиденција на легализации во министерството за транспорт исто е кривично дело! (некој може и таа веќе ја обезбедил како доказ
– напиша Арсовска на Фејсбук.
Вчера Арсовска на прес-конференција пред ОЈО ГОКК истакна дека никој не проверува како 11-годишник изградил пет згради од по милион евра. Арсовска достави и нови докази до Обвинителството и повика сите надлежни институции да реагираат за да се запре дивеењето во Чаир кое, како што нагласи, ги доведува во опасност луѓето кои живеат таму.




