дома Технологии По повеќе од 40 години: Првите астронаути од Индија, Унгарија и Полска...

По повеќе од 40 години: Првите астронаути од Индија, Унгарија и Полска пристигнаа на Меѓународната вселенска станица

По повеќе од 40 години, првите астронаути од Индија, Полска и Унгарија пристигнаа на Меѓународната вселенска станица во четвртокoт. Тие беа транспортирани со приватен лет на компанијата „Спејс Икс“.

Како што објавува „АП“, екипажот од четири члена ќе помине две недели во орбитата, изведувајќи десетици експерименти. Тие беа лансирани во среда од вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА.

Најискусната американска астронаутка, Пеги Витсон, е командант на екипажот во посета. Таа работи за „Аксиом Спејс“, компанијата од Хјустон што го организираше овој чартер лет.

Покрај Витсон, екипажот го сочинуваат Шубаншу Шукла, пилот на индиските воздухопловни сили, Тибор Капу, машински инженер од Унгарија, и Славош Узнански-Вишњевски, експерт за зрачење и проект-астронаут на Европската вселенска агенција на привремена летна должност.

Никој од тие земји не ја посетил Меѓународната вселенска станица претходно. Последен пат луѓе од тие земји летаа во орбитата кон крајот на 1970-тите и 1980-тите, патувајќи со Советите.

ПредходнаНе им пречи температура од плус 40: Ова се совршените цвеќиња за топлите летни денови и сончеви тераси
СледнаСинот на норвешката принцеза обвинет за силување и сексуален напад