дома Магазин На Парадата на гордоста во Мексико Сити присуствуваа 800.000 луѓе

На Парадата на гордоста во Мексико Сити присуствуваа 800.000 луѓе

На Парадата на гордоста во Мексико Сити присуствуваа 800.000 луѓе

  Градската администрација на Мексико Сити (Сиудад де Мексико) денеска објави дека Парадата на гордоста, годишната прослава на ЛГБТКИ+ заедницата, имала најголем број учесници во историјата – 800.000 луѓе.

Неколку часа во саботата попладне учесниците на парадата шетаа низ центарот на градот, протестирајќи против дискриминацијата, социјалното отфрлање и насилството поради сексуална ориентација.

Ова беше 47-та годишна Парада на гордоста во Мексико Сити, овој пат под слоганот „Разновидност без граници, правда, отпор и заедништво“.

Англиската кратенка ЛГБТКИ+ означува лезбејки, геј, бисексуалци, трансродови, квир и интерсексуални лица, а знакот плус е за други идентитети и полови.

Во 2024 година, Мексико беше втората најопасна земја за оваа заедница во Латинска Америка по Колумбија, покажува извештајот на Мрежата за ненасилство (ЛГБТИ). Со 80 смртни случаи, фаталното насилство се зголеми за 23 проценти во споредба со минатата година. Според извештајот, најмалку едно ЛГБТКИ+ лице се самоубива на секои 24 часа во Латинска Америка и Карибите.

ПредходнаДанска го презема претседавањето со ЕУ со идеја за „силна Европа во светот што се менува“
СледнаКиселова: Бугарија нема апсолутно никакви претензии кон Република Северна Македонија во каква било форма