По одличните подготовки и пристигнувањето на бројни познати гости во Венеција, Џеф Безос и Лорен Санчез го изговорија судбоносното „да“ на емотивна церемонија, а гостите добија соодветни, но многу неочекувани подароци.

Во согласност со неверојатниот луксуз и количината на пари потрошени за организацијата, многумина очекуваа подароци достојни за милијардерска свадба. Но, следеше изненадување – сè додека не го открија значењето зад сè.
Во хотелските соби, гостите затекнале подароци – торбички со одбрани венецијански деликатеси. Станува збор за корпи во кои имало колачи од една од најстарите венецијански пекарници, лимонова торта и други регионални деликатеси – подарок кој уште и бил во склад со очекувањата.
Меѓутоа, при излегувањето на свадбената церемонија, славните гости биле мошне зачудени кога пронашле влечки во своите нови торбички за подароци.
Мажите добиле кадифено сини венецијански влечки од „Виби Венеција“ (Vibi Venezia), додека жените добиле црни влечки со отворен врв, и тоа од „Амазон“.
– Тие симболизираат рамнотежа и внимателност. Гостите добија по малку од сè – рекла невестата, алудирајќи на комбинацијата од луксуз и едноставност, односно Венеција и Амазон – два света што таа и Безос ги спојуваат со нивниот брак.




