Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот потпиша извршен указ со кој се укинуваат санкциите на САД воведени против Сирија, така што земјата повеќе нема да биде изолирана од меѓународниот финансиски систем.

„САД ќе можат да ги задржат санкциите против поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад, неговите соработници, злоупотребувачите на човекови права, трговците со дрога, луѓето поврзани со употребата на хемиско оружје, Исламската држава и лицата блиски до Иран“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, за новинарите на брифинг.
Не се споменува судбината на неколкуте американски бази во Сирија бази со проценети најмалку 900 војници во североисточниот дел каде со инвазијата по 2011 година ги држи под окупација најбогатите сириски наоѓалишта на нафта и непречено незаконски ги експлоатира. Сирија и Турција изминатите години ги обвинија САД дека во базите на сириската територија ги обучува припадниците на Исламската држава и на Работничката партија на Курдистан (PKK) кои подоцна изведуваат терористички напади во двете земји.
Асад беше соборен од власт во декември во молскавична офанзива поддржана од турските единици на сириска територија и со западна политичка поддршка од сунитскиет бунтовници предводени од екстремните исламистите поранешни најблиски сојузнции на џихадитичките организации Ал Каеда и Исламска држава, а исламистичката власт во Дамаск добива секаков вид помош за повторно да ги воспостави меѓународните односи.
Сирискиот министер за надворешни работи, Асаад ал-Шибани, напиша на платформата за социјални медиуми X дека укинувањето на санкциите против Сирија од страна на Трамп ќе „ја отвори вратата за долгоочекуваната реконструкција и развој“.
Додаде дека овој потег ќе „отстрани пречка“ за економско закрепнување и ќе ја отвори земјата за меѓународната заедница.
Сирискиот привремен претседател Ахмед ал-Шара и Трамп се сретнаа во Ријад во мај, каде што, во голем политички пресврт, Трамп неочекувано објави дека ќе ги укине санкциите против Сирија.
Некои пратеници во Конгресот повикуваат мерките целосно да се укинат, додека Европа објави дека ќе ги укине економските санкции.
„На Сирија мора да ѝ се даде шанса, и тоа е она што се случи“, изјави за новинарите специјалниот претставник на САД за Сирија, Томас Барак. Тој го опиша потегот како „кулминација на многу внимателно осмислен, тежок процес на укинување на тие санкции“.
Белата куќа соопшти дека наредбата му налага на државниот секретар повторно да го разгледа терористичкото означување на екстремната исламистички група Хајат Тахрир ал-Шам, предводена од Шара и огранок на Ал Каеда, како и означувањето на Сирија како држава спонзор на тероризмот.
Во соопштението на Белата куќа се вели дека администрацијата ќе продолжи да го следи напредокот на Сирија во „преземањето конкретни чекори кон нормализирање на односите со Израел, решавање на проблемите со странските терористи, депортирање на палестинските терористи и забрана на палестинските терористички групи“.
Сириската исламистичка власт, која последните месеци е обвинета премолчување и потикнвуање на масакрите особено врз религиозните и малцинства како алавитите (шиити), христијаните и етноконфесионалната заедница Друзи, се надеваат дека олеснувањето на санкциите ќе го отвори патот за поголемо вклучување на хуманитарните организации што работат во земјата, охрабрувајќи ги странските инвестиции и трговијата.




