дома Свет Доларот падна на нови најниски нивоа во повеќе од три години, нафтата...

Доларот падна на нови најниски нивоа во повеќе од три години, нафтата поевтини

На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути падна на нови најниски нивоа од март 2022 година поради загриженоста на инвеститорите за буџетскиот дефицит на САД и неизвесноста околу трговските преговори меѓу Вашингтон и неговите партнери.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест главни светски валути претпладнево е околу 96,88 поени, додека вчера во истиот период беше 97,26 поени.

Истовремено цената на европската валута се зголеми од вчерашните 1,1715 на 1,1790 долари, што е нов максимум од септември 2021 година. Од почетокот на годината, еврото зајакна во однос на доларот за речиси 14 отсто.

Американската валута, исто така, ослабе претпладнево и во однос на јапонскиот јен, па курсот на доларот се лизна на 143,70 јени, додека вчера во истиот пресек изнесуваше 144,60 јени. Од почетокот на годината, курсот на доларот во однос на јенот падна за околу 9 отсто.

Слабеењето на доларот е резултат, велат аналитичарите, на нејасната, каприциозна царинска политика на американскиот претседател Доналд Трамп, но и на растот на буџетскиот дефицит.

Цените на нафтата, од друга страна, паднаа. На лондонскиот пазар, цената на барелот се лизна претпладнево за 0,45 отсто, на 66,45 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се намали за 0,51 отсто, на 64,80 долари.

Од почетокот на годината, цената на барелот на лондонскиот пазар падна за повеќе од 10 отсто, а на американскиот пазар за речиси 9 отсто.

ПредходнаAксиос: Трамп ќе го пречека Нетанјаху во Белата куќа на 7 јули
СледнаИзраел тврди дека операцијата во Газа се ближи кон крајот, убиени уште стотина Палестинци