Македонската пејачка која ги отпеа едни од најголемите македонски евергрини, „Ти си тој“, „Доволно луд“ и „Што те нема“ Лидија Кочовска е родена во Скопје на 1 јули 1975 година. Доаѓа од семејство на музичари. Нејзината сестра Тања Кочовска е пејачка и актерка, а нејзините родители Невена и Панче беа членови на познатиот бенд Мањифико. Првиот настап на Тања бил кога на 4 годишна возраст настапила на детскиот музички фестивал „Златно Славејче“, каде била најмлад учесник.
Лидија дипломирала на инструментот обоа на Музичката академија во Скопје.
Награди и учества на фестивали:
„Festival of scout songs“ Ниш 1984 – трета награда од професионалното жири
„Belgrade Spring“ 1989 – награда за најдобар дебитант
„Макфест“ 1990 – учество
„Макфест“ 1991 – како квартет, специјална награда од SOKOJ
„Макфест“ 1992 – учество
„Интерфест“ 1993 – дует со нејзината сестра Тања, награда за најдобра интерпретација
„Интерфест“ 1994 – учество
„Интерфест“ 1996 – две награди, прва награда од публиката и Гран При
„Скопски фестивал“ 1994 – учество
„Скопски фестивал“ 1997 – учество со нејзиното семејство, прва награда од професионалното жири
„Будва фест“ 1997 – учество во дует со нејзината сестра Тања
„Скопски фестивал“ 1998 – учество
„Охридски трубадури“ 1998 – награда за најдобра интерпретација
„Макфест“ 1999 – трета награда од публиката
„Slavonic bazaar“ 1999 – втора награда
„Скопски фестивал“ 2000 – учество
„Скопски фестивал“ 2002 – учество
„Охридски трубадури“ 2003 – учество
„Сунчане скале“ 2003 – учество