дома Македонија Политика Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали...

Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

Дали “иницијативите” на Мицкоски за меѓународна верификација на македонскиот јазик и идентитет се обична фарса која е однапред осмислена да заврши со неуспех?

Погледнете дел од верификациите, потврдите, впишувањата, заверувањата на македонскиот идентитет и јазик во периодот 2017 – 2024:

– 01.08.2017 – Република Македонија и Република Бугарија потпишаа Договор за добососество на македонски јазик

– 17.06.2018 – Република Македонија и Република Грција го потпишаа Договорот од Преспа со кој се потврдува македонскиот јазик и идентитет. Според членот 7 од Договорот, македонскиот идентитет ги отсликува нашата територија, јазик, народ, со сите атрибути, со своја историја, култура и наследство. Според членот 1 (3) од Договорот, официјален јазик на нашата држава е „македонски јазик“ кој е преведлив на сите јазици (на пример, на англиски јазик „Macedonian language“). Без никаква фуснота со дообјаснување. Македонскиот јазик е потврден – идентитетот е зачуван

 

– 2019 – При промената на уставното име, Обединетите Нации го потврдуваат македонскиот јазик како единствен официјален јазик за меѓународна употреба, во личната карта на Република Северна Македонија

 

– 07.2022 – Усвоена е прговарачката рамка меѓу МК и ЕУ, јазикот јасно именуван како македонски

 

– 28.07.20222 – Официјално регистриран Центарот за македонски јазик во Грција“

 

– 19.03.2023 – Основниот суд во Лерин фицијално одби повеќе барања/тужби за поништување на првичната одлука за одобрување на барањето за неговата регистрација

 

– 15.06.2023 – Бундестагот ја изгласа резолуцијата за поддршка на македонскиот јазик, култура и идентитет

 

– 09.2023 – Мичиген и Илиноис го прогласија септември за месец на македонскат култура во САД

– 17.06.2024 – Нимиц: “Посебноста на македонскиот јазик е светски призната и потврдена, не може да се преговара за нечиј идентитет”

     

Марјан Забрчанец

ПредходнаПратениците ќе гласаат за третото гласање за недоверба на кабинетот на Жељазков
СледнаИндонезиските власти ја засилија потрагата по 30 лица исчезнати откако потона ферибот кај туристичкиот остров Бали