Бројот на регистрирани проститутки во Германија во 2024 година бил за пет проценти поголем од претходната година, додека бројот на легални бордели се намалил. Сепак, сигурно е дека нелегалната проституција цвета.
Три четвртини од регистрираните биле на возраст меѓу 21 и 44 години, 22 проценти биле постари, а три проценти биле на возраст меѓу 18 и 20 години.
Германскиот закон бара регистрација на активностите на проституција, а легалните бордели мора да имаат лиценца. Бројот на важечки лиценци минатата година се намали од 2.310 на 2.250.
Официјалните бројки не ги вклучуваат нерегистрираните проститутки, а проценките за нивниот број се движат од десетици илјади до неколку стотици илјади.
Организацијата „Солводи“, која се грижи за ранливи жени, проценува дека околу 250.000 луѓе се занимаваат со проституција во Германија. Ова ги вклучува и жртвите на трговија со луѓе.
Претседателката на „Солводија“, Марија Декекер, наведува дека бројот на бордели се намалува, додека секс-индустријата се сели во станбени блокови, а склучувањето договори се префрла на интернет.
За многумина во проституцијата, регистрирањето не е опција од различни причини, додаде Декер.
Според неа, општеството треба да им понуди поголема поддршка на нелегалните проститутки, вклучително и програми што ќе им помогнат да ја напуштат професијата.
„Ние, како општество, не смееме само да гледаме на другата страна“, додаде таа.