дома Свет Шефот на полската дипломатија до Трамп: Путин им се потсмева на вашите...

Шефот на полската дипломатија до Трамп: Путин им се потсмева на вашите мировни напори

Шефот на полската дипломатија до Трамп: Путин им се потсмева на вашите мировни напори

  Министерот за надворешни работи на Полска, Радослав Шикорски, денеска изјави дека претседателот на Русија, Владимир Путин, отворено им се потсмева на мировните напори на претседателот на САД, Доналд Трамп, кого го повика да ги обнови испораките на противракетно оружје за Украина.

Откако во синоќешниот руски напад врз Киев беа повредени најмалку 23 лица и оштетена зградата на конзулатот на полската амбасада, Шикорски на Х му порача на Трамп дека Путин „им се потсмева на неговите мировни напори“.

– Ве молам, обновете ги испораките на противракетна муниција за Украина и воведете нови санкции против агресорот, додаде Шикорски.

Тој претходно денеска изјави дека никој не е повреден во полската амбасада и конзулат, кои биле оштетени од соборен руски дрон.

ПредходнаКабинетот на Жељазков го преживеа третото гласање за недоверба
СледнаКина воведува царини за дел од европските жестоки алкохолни пијалаци