Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, остро и иронично реагираше на социјалните мрежи по најавите за можни нови мерки поврзани со демографијата, посочувајќи ја како апсурдна идејата за „данок на неженети“.
„Од патриотизам до апсурд – новата идеја: ДАНОК НА НЕЖЕНЕТИ! Бројот на ученици е намален за 17.000 – тоа е аларм за секоја нормална држава. Но, за патриотската влада – инспирација“, напиша Јакимовски.
Тој саркастично предложи и други „даноци“:
Данок на изгубени премиери
Данок на купени дипломи
Данок на партиски вработувања без знаење
Данок на фалсификувани сертификати
Јакимовски ја спореди ситуацијата со отоманскиот систем на оданочување и додаде: „Продолжи вака, премиере! Даночната инспирација ти оди подобро од демографската стратегија!“