дома Магазин ВИДЕО | Луксуз и добра забава: Кендал и Кајли Џенер пијат алкохол,...

ВИДЕО | Луксуз и добра забава: Кендал и Кајли Џенер пијат алкохол, држејќи чанта „Ермес“ од 65.000 долари на главите

Познатите сестри Кендал и Кајли Џенер знаат како да се забавуваат. Тие го привлекоа целото внимание меѓу присутните за време на нивниот одмор во Франција.

Имено, 29-годишната Кендал се забавуваше во Сен Тропе за време на викендот, каде што пиеше алкохол во ресторан додека на главата ја држеше чантата „Кели дол“ од „Ермес“ вредна повеќе од 65.000 долари, пишува „Пејџ сикс“.

Разиграниот момент го забележа нејзината пријателка, моделот Девон Ли Карлсон, која потоа ја објави снимката како приказна на Инстаграм. Веселата атмосфера на нивната маса набрзо го привлече вниманието на другите гости во објектот, а подоцна им се придружи и нејзината помлада сестра Кајли Џенер, која го испроба истиот „трик“ за пиење.

Патем, одморот во Франција дојде кратко по свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез, на која Кендал присуствуваше со Кајли и Крис Џенер и Ким и Клои Кардашијан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Access Hollywood (@accesshollywood)

 

ПредходнаНова студија: Пластика пронајдена во спермата и женската репродуктивна течност, дали влијае на неплодноста
СледнаВИДЕО | По веста за разводот, Кети Пери и Орландо Блум заедно уживаат на јахтата на Безос во Италија