Актерот Арон Фиперс, сопруг на познатата актерка и ријалити ѕвезда Дениз Ричардс, официјално поднесе барање за развод по речиси седум години брак.

Арон го наведе 4 јули како датум на разделба и ги наведе „непомирливите разлики“ како причина за разводот од Дениз. Тој исто така побара алиментација во барањето, тврдејќи дека нивните заеднички месечни трошоци изнесуваат дури 105.000 долари, пренесува „Пејџ сикс“.
Арон предложи еднаква поделба на нивната заедничка компанија, „Смоук енд мирорс ентртејнмент“, барајќи секоја страна да добие 50 проценти од сопственоста.
Според судските документи, Арон Фиперс и Дениз Ричардс немаат малолетни деца заедно, но се знае дека во 2019 година, Фиперс бил во процес на посвојување на Елоиз Џони, најмладата ќерка на Дениз Ричардс, која актерката ја посвоила во 2011 година.
Ричардс во една прилика изјави дека Фиперс е „одличен татко“ и дека неговата врска со нејзините ќерки е исклучително силна.




