дома Живот Кардиолог посочува: Ова се петте намирници кои никогаш не би им ги...

Кардиолог посочува: Ова се петте намирници кои никогаш не би им ги дал на сопствените деца

По повеќе од 20 години лекување на пациенти со срцеви болести, кардиологот д-р Ленс ЛаМот знае колку прехранбените навики во детството можат да влијаат врз здравјето на возрасни години, пишува „Си-ен-би-си“.

Како татко на три ќерки, денес тинејџерки, признава дека тој и неговата сопруга ја поминале фазата на брза храна, замрзнати оброци и медалјони од пилешко во облик на диносаурус, но откако со години бил сведок на последиците од лошата исхрана, одлучиле да воведат поздрави навики во семејството.

Ова се петте намирници што кардиологот никогаш не им ги нуди на своите деца и здравите алтернативи што станале секојдневие во неговиот дом.

Пуканки од микробранова печка

Тие се брзи и едноставни, но повеќето пуканки за микробранова печка содржат штетни хемикалии. Пакувањето често е обложено со таканаречени „долготрајни хемикалии“ (ПФАС), кои се поврзани со проблемите како што се нарушувања на имунитетот, па дури и вродени маани. Ароматизираните адитиви, особено оние со вкус на путер, можат исто така да бидат штетни и за белите дробови.

Здрава замена: Пуканки ер фраер или подготвени со малку путер или маслиново масло.

Овошен јогурт за деца

На прв поглед може да изгледаат здраво, но многу овошни јогурти се полни со додадени шеќери и вештачки бои. Порциите често се премногу мали, па децата често јадат две или три, што значи дека внесуваат премногу шеќер.

Здрава замена: Грчки јогурт без додатоци со малку мед и свежо овошје. Децата го обожаваат, а вие знаете дека е здрав.

Преработено месо (виршли, салами, сувомесни производи)

Овие намирници често содржат големо кочичество сол, конзерванси и нитрати, а сите тие се поврзани со поголем ризик од срцеви болести и рак. Покрај тоа, штетно дејствуваат на крвните садови и го зголемуваат ризикот од таложење на холестеролот.

Здрава замена: Печено или варено пилешко, мисирка, јајца, леќа, наут и киноа. Семејството на д-р Ламот често комбинира животински и растителни извори на протеини.

Засладени житарки и газирани пијалаци

Популарните појадоци полни со шеќер им обезбедуваат на децата моментален налет на енергијата, но брзо предизвикуваат нагло опаѓање на шеќерот во крвта, што влијае на концентрацијата и расположението. Истото важи и за засладените сокови и газирани пијалаци.

Здрава замена: Појадок што вклучува јајца, овошје, овесни снегулки, смути со влакна и здрави масти. За пијалаци – вода со парче овошје наместо сокови и газирани пијалаци.

Храна пржена во многу масло

Храната пржена во индустриски масла на висока температура содржи супстанции кои го поттикнуваат воспалението во телото и можат да бидат опасни по здравјето. Покрај тоа, децата лесно се навикнуваат на таа „крцкава“ текстура и тешко ги прифаќаат поздравите алтернативи.

Здрава замена: Крцкави слатки компири (батат), чипс од зеленчук и печен зеленчук од ер фрајер (air fryer). Крцкаво, вкусно и без штетни масла.

Здравите навики започнуваат дома

Не мора да се храните совршено секој ден. Целта е постепено да се воведуваат поздрави навики. Обрнете внимание на состојките, избегнувајте индустриски масти, изберете намирници од цело зрно и вклучете ги децата во подготовката на оброците – бидејќи тие најмногу учат гледајќи ве вас. На крајот, децата не слушаат она што го зборуваме, туку она што го правиме. Затоа, бидете пример што ќе ги следи во текот на целиот нивен живот.

ПредходнаЕве на кој датум ќе му биде изречена пресудата на Диди, му се заканува затворска казна до 63 месеци
СледнаВИДЕО | Наоми Кемпбел без перика е непрепознатлива: Црниот Пантер го крие своето вистинско лице под бујната коса