дома Живот Совршени за секоја пригода: Рецепт за чизкејк коцки со боровинки

Совршени за секоја пригода: Рецепт за чизкејк коцки со боровинки

Чизкејк коцките со боровинки се едноставни за подготовка, разновидни и совршени за секое годишно време и секоја пригода. Ако имате свежи боровинки при рака, не ги занемарувајте, но и замрзнатите ќе завршат работа, пишува „Пун куфер“.

Овој освежувачки колач има дури четири вкусни слоја – кора од бисквити, крем-сирење, слој од овошје измешано со џем и одозгора крцкави трошки (crumble) со суптилна арома на лимон. Уживајте!

Потребни состојки:

За кората:

  • Масло, за премачкување на тавчето
  • 170 г кекси
  • 1 големо јајце
  • 70 г растопен путер
  • 2 мали лажички шеќер
  • 1/4 мала лажичка сол

За филот:

  • 450 г крем-сирење (на собна температура)
  • 1 големо јајце (на собна температура)
  • 50 г шеќер
  • 1 мала лажичка екстракт од ванила
  • 280 г свежи или замрзнати боровинки
  • 60 г џем или слатко од боровинки

За крамбл (крцкава, трошлива смеса, која се користи како горен слој)

  • 90 г бело брашно
  • 70 г растопен путер
  • 3 лажици кафеав шеќер
  • 2 мали лажички ситно изрендана кора од лимон
  • 1/4 мала лажичка сол

Подготовка:

Кора: Ставете ја решетката на средина од рерната. Загрејте ја рерната на 160 степени. Намастете тавче со димензии 23 x 23 см, па обложете го со хартија за печење. Во блендер или сечко измешајте ги кексите, 1 белка (жолчката зачувајте ја за филот), растопениот путер, шеќерот и солта додека не добиете ситни трошки. Притиснете ја смесата на дното од тавчето и оставете ја на страна.

Фил: Во голем сад изматете го крем-сирењето со средна брзина додека не стане пенливо (1–2 минути). Додајте го шеќерот и матете додека не се соедини. Додајте го целото јајце и зачуваната жолчка, едно по едно, матејќи по секое додавање. Потоа додајте ја ванилата и измешајте сè. Истурете ја смесата врз кората. Во друг сад, нежно изгмечете ги боровинките со вилушка или алат за компири. Измешајте го џемот и прелијте ја смесата врз филот од сирење.

Крамбл: Во сад измешајте брашно, кафеав шеќер, путер, лимонова кора и сол додека не се формираат меки трошки. Ако смесата е премека или премногу топла, ставете ја во фрижидер да се стегне. Поспрете ги трошките врз слојот со џем.

Печете околу 30 минути, додека рабовите не се стегнат, а средината остане малку мека. Оставете го колачот да се олади 30 минути на собна температура, потоа ставете го во фрижидер најмалку 2 часа.

Исечете го на коцки и послужете.

ПредходнаОбјавена официјалната причина за смртта на Мајкл Медсен: Борбата со неговата поранешна сопруга и алкохолот беа фатални
СледнаЖељко Бебек се нашол среде силната бура во Сплит, избегнал катастрофа: „Никогаш порано не сум доживеал нешто вакво“