Политичките пиромани ставени во функција, нема доказикој пали, но има директни обвинувања од власта дека тоа е политичко како и да е (НЕ)МОЌТА и играта со оган, .. и едното и другото е палење!

Пожар кај Смилковското Езеро / Фото: Бобан Стефковски / Фејсбук / скриншот
ОВА Е ГЕНОЦИД!! Вечерва на повеќе локации е подметнат пожар на Смилковско езеро! Сообраќајот од обиколницата е во прекин! Екипите со кризниот штаб се на терен…!“, напиша Стефковски во објавата.
Тој додаде дека сообраќајот на скопската обиколница во тој дел е прекинат.
„Ова е геноцид. Сообраќајот од обиколницата е во прекин! Екипите со кризниот штаб се на терен! Се очекува да има прекин и на електричната енергија“,напиша тој на Фејсбук споделувајќи видео од страшниот пожар.
На Фејсбук се огласи и градоначалникот на Бутел Дарко Костовски кој посочи дека пожарот бил подметнат и нагласи дека на ваков начин не се печалат политички поени.
„Последниот пожар кај Смилковско е подметнат. Има очевидци кои веќе дадоа изјави на МВР. Многу е веројатно најголемиот дел од пожарите да се подметнати. Министерот Панче Тошковски е целосно посветен на расветлување на голем број сомненија за подметнати пожари. Кога на ваков начин најдовте да печалите политички поени, ќе добиете баш соодветен одговор. Секако и ќе бидете жестоко поразени. Жестоко“,напиша Костовски.




