дома Свет Италија: Отворена истрага против девет лица за ксенофобија

Италија: Отворена истрага против девет лица за ксенофобија

Италијанските власти започнаа истрага против девет лица поврзани со групата „Член 52“, чија цел беше да организира казнени патроли и акции против странци.
Миланската полиција спроведе неколку претреси во Милано, Павија, Монца, Бријанца и Комо како дел од оваа операција, објави државната телевизија Раи.

Против членовите на групата беше отворена истрага поради сомнение дека организирале „патроли“ насочени првенствено против странски државјани за кои верувале дека сториле кривично дело.
Осомничените гравитирале кон неофашистичката партија „Нова сила“.
Истрагата беше иницирана по напад што се случи на почетокот на март во миланскиот кварт Дарсена, чија цел беше млад државјанин на земја надвор од ЕУ, кого осомничените го обвинија за кражба на ѓердан од минувач.
Видео од неговото тепање, снимено со мобилен телефон, подоцна беше споделено на социјалните мрежи, а одговорноста ја презеде групата „Член 52“.
Истата група е осомничена за уште еден сличен инцидент во март, во кој нападнаа друг млад човек, обвинувајќи го за сексуално вознемирување.
Членовите на групата подоцна објавија видео на кое нападнале парк каде, како што тврделе, се продавала дрога.

ПредходнаОтстранети се објави во кои четботот Грок го величаше Хитлер и ширеше антисемитизам.
СледнаЕК за концертот на Томпсон: Осудуваме секој израз на фашизам, членките на ЕУ да го казнуваат говорот на омраза