дома Македонија Економија Мицкоски од Куманово: Потпишан Меморандум со Казанџи груп за изградба на гасни...

Мицкоски од Куманово: Потпишан Меморандум со Казанџи груп за изградба на гасни централи

значајни енергетски иницијативи беа презентирани од страна на претседателот на Владата и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на синоќешната дебата на градскиот плоштад во Куманово, под наслов „Од енергетска стабилност до силна економија“.

Од Куманово вчера, Мицкоски објави дека на последната владина седница е официјализиран меморандумот за соработка со „Казанџи груп“.

– Драги пријатели, кога станува збор за енергетиката сакам денес оттука од Куманово да соопштам една добра вест за целата држава.

„Вчера на седница на влада се официјализираше меморандум за соработка со компанијата „Казанџи груп“ којашто е светски гигант во енергетиката и е заинтересирана за инвестиции од една милијарда. На ова му претходеа бројни средби со „Казанчи Холдинг“, која со своите енергетски компании што работат под брендот „АКСА“, рече Мицкоски.

Говорејќи за компанијата, тој потенцираше дека станува збор за водечка турска компанија со преку 25 години искуство, оперира со инсталиран капацитет од над 3,500 MW во осум држави и е активна во 22 земји на четири континенти.

-Со нив имаме план за изградба на секундарна гасоводна мрежа, топловодна мрежа и когенеративните централи со 500 MW инсталиран капацитет кои произведуваат 4,1 TWh електрична енергија и 720 GWh топлинска енергија на годишно ниво. Сето ова е зафат димензиониран на инвестиција од над една милијарда евра. Градењето на когенеративни гасни централи, се единственото трајно решение за загадениот воздух. Сè друго би значело ставање на проблемот под тепих. Со ова покажуваме дека мислиме и работиме за иднината на нашата држава, рече Мицкоски.

Пред жителите на Куманово, тој напомена дека е обезбедена инвестиција за ветерниот парк вредна 450 милиони евра, кој ќе се гради во Карбинци, Штип и Радовиш, без, како што подвлече, посебни закони или гарантиран откуп, туку инвеститор кој ќе вложи 450 милиони евра, а државата ќе оствари за 100 милиони евра поголем приход во БДП, што треба да донесе 20 отсто од вкупното производство на електрична енергија и да ја направи земјава енергетски стабилна.

Во текот на изминатата година, донесен е нов Закон за енергетика, истакна премиерот, кој воспостави ред во експлоатацијата на минерални суровини и ги зголеми таксите за 100 проценти.

На трибината додаде дека е пуштен е во работа новиот 400/110 kv трансформатор во ТС Битола 2, нагласувајќи дека ќе се зајакне сигурноста на снабдувањето во градовите Струга, Охрид, Ресен, Битола и Прилеп, обезбедувајќи стабилна електрична енергија во зима и зимските месеци и ќе се обезбеди непречено производство на електрична енергија во РЕК Битола.

Премиерот очекува инвестици со која државата ќе стане енергетски независна.

 

 

ПредходнаГрција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран
СледнаВИДЕО: Градоначалникот на Гази Баба Стефковски тврди дека вечерва е подметнат пожар кај Смилковското Езеро