Сопственикот на Рубиковата коцка, „Спин Мастер Тојс УК“, го загуби спорот со својот грчки конкурент откако судот ја поништи регистрацијата на нејзината трговска марка за обликот на коцката.
Шарената коцка, измислена од унгарскиот професор Ерно Рубик во 1974 година, е популарна и кај младите и кај старите, со стотици милиони продадени парчиња низ целиот свет, објави Ројтерс.
Брендот беше купен во 2021 година од канадската компанија „Спин Мастер“, која се обрати до Општиот суд во Луксембург откако грчката фирма „Вердес Иновејшнс“ побара од Канцеларијата за трговски марки на ЕУ во 2013 година да поништи неколку трговски марки регистрирани од претходникот на „Спин Мастер“ помеѓу 2008 и 2012 година.