дома Бизнис Технолошкиот сектор го поттикна растот на Волстрит

Технолошкиот сектор го поттикна растот на Волстрит

На Волстрит берзанските индекси пораснаа во средата, при што Nasdaq достигна рекордно високо ниво, во голема мера поттикнат од зголемувањето на цените на акциите кај технолошките гиганти како што е „Nvidia“.

Индексот Dow Jones порасна за 0,49 отсто на 44.458 поени, додека S&P 500 скокна за 0,61 отстот на 6.263 поени, а Nasdaq индексот се зголеми за 0,95 отсто на 20.611 поени.

Новиот рекорд на Nasdaq индексот беше во голема мера поттикнат од скокот од 1,8 отсто на цената на акциите на „Nvidia“, со што производителот на полупроводници имаше пазарна вредност од 3,97 трилиони долари, рекордна пазарна капитализација за една компанија во светот.

Акциите на неколку други технолошки гиганти, како што се „Microsoft“ и „Amazon.com“, исто така, значително пораснаа, за повеќе од 1,4 отсто.

Инвеститорите беа фокусирани и на записникот од последниот состанок на американската централна банка, на кој челниците на Fed одлучија да ги задржат каматните стапки на сегашното ниво.

Записникот покажа дека повеќето челници на Fed очекуваат намалување на каматните стапки подоцна оваа година, бидејќи веруваат дека притисокот врз инфлацијата поради зголемувањето на царините може да биде „привремен или скромен“.

Овие пораки ги поддржуваа очекувањата на пазарот дека каматните стапки ќе бидат намалени оваа година, но не ги поддржуваа шпекулациите дека Fed може да го стори тоа уште на состанокот во јули.

Поради сево ова, вчера новиот бран зголемување на царините што го најави американскиот претседател Доналд Трамп остана во втор план.

Откако во понеделник објави дека ќе воведе царини за увоз од 14 земји, вклучувајќи ги Јужна Кореја и Јапонија, од 1 август, Трамп вчера објави царини за уште седум земји и Бразил. Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва веднаш објави воведување реципрочни царини за увоз на американска стока.

А пораките од Вашингтон и Брисел сугерираат дека во наредните денови може да се очекува трговски договор меѓу САД и Европската унија.

Како резултат на тоа, цените на акциите на европските берзи пораснаа вчера. Лондонскиот индекс FTSE порасна за 0,14 отсто на 8.867 поени, додека франкфуртскиот DAX скокна за 1,42 отсто на 24.549 поени, а парискиот CAC 40 доби на вредноста плус 1,44 отсто на 7.878 поени.

ПредходнаДоларот ослабе по трите дена раст, цените на нафтата пораснаа
СледнаMакедонското МНР со осуда на навредливите изјави на Софија