дома Свет Европската комисија му ја затвора вратата на Орбан

Европската комисија му ја затвора вратата на Орбан

Европската комисија е подготвена да ги „затегне уздите“ врз земјите што ги кршат демократските правила, условувајќи финансирање во вредност од милијарди евра со усогласувањето со европските стандарди.

Oва значи дека некои влади, особено Унгарија, кои ги прекршија стандардите на Европската Унија за владеење на правото со потиснување на судските и медиумските слободи, ризикуваат да изгубат значително финансирање од централниот буџет на ЕУ.
Планот за трошење на ЕУ за 2028-2034 година, кој треба да биде објавен следната среда и кој го означува почетокот на најмалку две години тешки преговори, ќе ја прошири врската помеѓу плаќањата и демократското назадување, според документ до кој дојде „Политико“.

Орбан дотеран до ѕид

Овој потег веројатно ќе ги влоши односите меѓу Комисијата и унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој се соочува со видлива можност да ја изгуби власта по 15 години на изборите закажани за 2026 година.

Додека ЕУ презеде мерки против Унгарија и веќе задржа дел од финансирањето – Орбан ѝ го отежна животот заканувајќи се дека ќе ги блокира европските напори за воведување санкции врз Москва.

Неколку земји од ЕУ поддржаа посилна врска помеѓу владеењето на правото и финансирањето во своите коментари до Комисијата пред предлогот за буџетот. По неговото објавување, владите ќе започнат меѓусебни преговори за конечниот текст – но ова е долг процес кој не се очекува да биде завршен пред 2027 година.

ПредходнаДва случаи на антракс и еден на маларија потврдени во Романија
СледнаКос: Сребреница е длабока рана на европската историја