Ал Џазира Балканс е регионална подружница на катарскиот медиумски гигант, која успешно делува на Балканот од 2011 година, со главно седиште во Сараево. Телевизијата има редакции низ целиот регион, вклучувајќи ги Белград, Загреб, Подгорица, Скопје, Љубљана и Приштина.

По 14 години успешно работење на Балканот, се гаси регионалниот телевизиски проект Ал Џазира Балканс, а информацијата е потврдена за порталот Кликс, кој прв ја објави веста.
Станува збор за филијала на катарскиот медиумски концерн чие седиште е во Сараево од 2011 година, и има сериозна гледаност на баланот особено што оди на јазик кој е разбирлив за пошироката популација.
„Ал Џезира Балканс“ го покриваше регионалниот пазар со канцеларии во Белград, Загреб, Подгорица, Скопјe, Љубљана и Приштина.
Телевизијата беше препознатлива по своите документарни емисии, а емитуваше програма на јазик кој не беше ниту арапски, ниту англиски – што беше исклучок во рамките на мрежата на „Ал Џезира“.
Причините за затворањето сè уште не се објавени, но се претпоставува дека станува збор за деловна одлука на Доха поради финансиски причини.