Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Париз на последната расправа донесе одлука да се одложи впишувањето на Охридскиот регион на Листата на светски културни и историски наследства во опасност. Со тоа, Охрид и државата добија уште една година да исполнат низа задолженија и да постапат по препораките нотирани во претходните извештаи на Реактивните мониторинг мисии, за што ќе треба до УНЕСКО да достават извештај до 1 февруари наредната година.
Претходно Владата ги задолжи сите членови на македонската делегација во Париз заеднички да поднесат амандман за повлекување на Нацрт-одлуката на Комитетот, со која се предлагаше регионот да биде ставен на листата на загрозени богатства.
Во нацрт-одлуката за стасусот на Охридскиот регион беа посочени забелешките наведени во реактивната мониторинг мисија од минатата година, во која се потврдени наодите од претходните мисии, со заклучок дека кумулативните и тековните влијанија – вклучувајќи го тука урбаниот развој, недостатоците во просторното планирање, несоодветните интервенции, еутрофикација на езерото, големите инфраструктурни и други проекти – предизвикале сериозно нарушување на клучните атрибути на заптитеното подрачје, што довело до неповратна деградација.
Со координирана интерсекторска дипломатска активност успеавме да добиеме дополнителен период и да почнеме со имплементирање на тие препораки, вели премиерот Христијан Мицкоски во коментар на денешната одлука на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО да се одложи впишувањето на Охридскиот регион на Листата на светски културни и историски наследства во опасност.
Мицкоски најави дека ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, а посебно, како што рече, оние кои имаат одобрение за реконструкција, а прераснуваат во станбени објекти. Со тоа, вели, ќе се извадат на површина лицата блиски до партии од претходната Влада кои правеле такви злоупотреби.
Професорот и научен советник, доктор по биолошки науки, Трајче Талевски Пандаровски, во статус на социјалните мрежи го сподели својот став за последните случувања со статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО.
„Вчера „Комисијата на УНЕСКО” предложи „Регионот Охрид” (поделен помеѓу Македонија и Албанија) да се стави на “листата на загрозени светски наследства” поради сериозното влошување на неговиот културен и природен потенцијал. Клучните причини за оваа одлука се поради:
– антропогени притисоци (човечка дејност)
– недостатоци во управувањето од страна на државата и локалните власти и
1. Човечки притисоци кои го уништуваат Охрид
Главните закани доаѓаат од:
– Неконтролирана градба– Нелегални објекти и инфраструктура ги оштетуваат историските и природни предели.
– Загадување на Охридското Езеро – Неконтролирано испуштање на отпадни води, земјоделски отпади и туристичко загадување ја влошуваат водата и загрозуваат ендемски видови.
– Масовен туризам и прекумерен риболов– Неконтролораниот туризам го оптоварува езерото, а преголемиот риболов ги намалува локалните рибни видови па и оние ендемичните и светски заштитените кои науката од светот ги ставил на црвена листа како критички загрозени.
– Несоодветни архитектонски интервенции– Лажни „историски“ објекти кои го нарушуваат автентичниот изглед на Охрид.
2. Пропусти на владата и локалните власти
УНЕСКО ја критикува Македонија за:
– Слаба примена на законите– Постоечките правила (на пр. “Законот за заштита на Охридскиот регион”) кои не се спроведуваат правилно.
– Лоша инфраструктура за отпадни води – Градската канализација (колектор) не може правилно да ја заврши улогата со преголемиот број на туристи. Таму ништо не се менува а новина е само нов директор и по некој вработен “штабар”
– Политички напади наместо решенија– Сегашната влада ја обвинува претходната за проблемите, а таа, тие пред неа, и така во круг две три децении и ако сите заедно немаат покажано конкретни подобрувања.
3. Проблеми со Албанија (Поградец)
И албанската страна има слични проблеми:
– Слаба соработка меѓу двете држави– Нема ефикасни заеднички планови за заштита на езерото.
– Неуредна градба и туризам– Поградец исто така придонесува за еколошкото влошување.
И што понатаму
Потребни се итни мерки (кои се превземаат како итни десетина години) бидејќи ако не се преземат брзи чекори, Охрид може да го изгуби статусот на светско наследство. Ќ
Изгледа дојден е ножот до коска и сега треба:
– Строго спроведување на законите за заштита
– Инвестиции во еколошки туризам и чисти технологии
– Подобра соработка со Албанија
– Повик на одговорност за корупција и непочитување на правилата.
Да почекаме да видиме што Министерот ќе стави како Амандман или оправдување на оваа и ваква Одлука.
Ако не, локалните се тука, за брзо за два три месеци. Кој ветил а не исполнил треба да си оди.