Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации во петокот соопшти дека регистрирала најмалку 798 смртни случаи за време на обезбедувањето хуманитарна помош во Газа на позициите на Хуманитарната фондација за Газа (GHF) и во близина на конвои на други хуманитарни организации,вклучувајќи ги и самите Обединети нации.
GHF, зад која стојат САД и Израек, користи приватни американски компании за обезбедување и логистика за испорака на помош во Газа, заобиколувајќи го дистрибутивниот систем на ОН, за кој израелските власти без основа и докази тврдат дека им дозволил на милитантите да ја пренасочуваат помошта.
ОН ја оцени оваа практика како небезбедна и спротивна на правилата за непристрасност во делењето на хуманитарната помош.
„До 7 јули, регистриравме 798 смртни случаи, од кои 615 лица загинаа во близина на контролните пунктови на GHF, а 183 најверојатно по рутите на хуманитарните конвои“, изјави Равина Шамдасани, портпаролка на Канцеларијата за човекови права на ОН.
GHF започна со дистрибуција на пакети со храна во Газа кон крајот на мај и постојано негираше дека се случиле инциденти на неговите локации и покрај снимките во медиумите и на социјалните мрежи од смртоносното отворање оган од страна на израелската војска.