дома Магазин Откриени потресни детали за смртта на Џулијан Мекман: Славниот актер почина од...

Откриени потресни детали за смртта на Џулијан Мекман: Славниот актер почина од рак

Откриени се потресни, нови детали се откриени за причината за смртта на познатиот актер Џулијан Мекман откако тој ненадејно почина на 56-годишна возраст.

Смртта на Џулијан Мекман беше објавена на 2 јули, а неговата сопруга Кели во изјава откри дека актерот тајно се борел со рак.

Австралискиот актер починал од метастази на белите дробови кои биле последица на ракот на главата и вратот, според извештајот за овластување за кремација од Канцеларијата на медицинскиот испитувач на округот Пинелас во Флорида, што го доби списанието „Пипл“.

Причината за смртта беше окарактеризирана како природна, а останките на Мекман беа кремирани во меѓувреме, пишува „Дејли мејл“.

Последното јавно појавување на Џулијан беше во март, заедно со Николас Кејџ, на фестивалот СХСВ во Остин, Тексас. Актерот изгледаше видливо послаб додека го промовираше психолошкиот трилер „Сурферот“.

Неговата сопруга во својата проштална порака рече: „Со отворено срце сакам да споделам со светот дека мојот сакан сопруг, Џулијан Мекман, почина мирно оваа недела по храбра борба со ракот“.

Кели, со која се ожени во 2014 година, дополнително нагласи колку Џулијан ги сакал своите обожаватели, луѓето околу него и колку глумата му значела во текот на целиот свој живот.

„Џулијан го сакаше животот. Тој го сакаше своето семејство. Тој ги сакаше своите пријатели. Тој ја сакаше својата работа и ги сакаше своите обожаватели. Неговата најголема желба беше да донесе радост во што е можно повеќе животи.“

„Ве молиме за вашата поддршка во овој период, за да можеме да тагуваме во приватност. Исто така, сакаме секој на кого Џулијан му донесе радост, да продолжи да наоѓа радост во своите животи. Благодарни сме за спомените“, додаде таа во изјава за „Дедлајн“.

Талентираниот актер беше најпознат по улогата на д-р Кристијан Трој во серијата „Нип/Так“, која се емитуваше шест сезони од 2003 до 2010 година, во која глумеше заедно со Дилан Волш, кој го играше Шон Мекнамара.

За таа улога, тој беше номиниран за наградата Златен глобус за најдобар глумец во драмска серија во 2004 година, но потоа наградата ја доби Иан Мекшејн за неговата улога во серијата на Ејџ-би-о „Дедвуд“.

Подоцна го играше Џес Лакроа во серијата на „Си-би-ес“ „ФБИ: Најбараните“ почнувајќи од 2020 година, но ненадејно ја напушти серијата во март 2022 година по три сезони.

Пред тоа, тој се здоби со популарност на австралиската телевизија во сапуницата „Дома и на гости“, каде што ја играше главната улога на Бен Лучини од 1990 до 1991 година.

Тој, исто така, го играше детективот Џон Грант во американската криминалистичка серија „Профил“ од 1996 до 2000 година.

Џулијан беше познат и по својата улога во хит серијата „Волшебнички“.

ПредходнаВикендов Галичка свадба, манифестацијата ќе почне вечер со монодрама за Пулевски
СледнаМожеби немате целулит, туку липедем: Оваа состојба е болна, кожата е чувствителна и лесно добива модринки