дома Свет Поплави во Тексас: Најмалку 129 мртви, 166 исчезнати

Поплави во Тексас: Најмалку 129 мртви, 166 исчезнати

Најмалку 129 лица загинаа во поплавите што ги погодија планинските области на Тексас, соопштија локалните власти.


Округот Кер е најтешко погоден, со најмалку 103 смртни случаи, вклучувајќи 36 деца, објави ABC News.
Поради обемот на катастрофата, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша прогласување вонредна состојба за погоденото подрачје, а Федералната агенција за управување со вонредни состојби (FEMA) беше распоредена на терен.
Операциите за пребарување и спасување се уште се во тек.
Според најновите податоци, 166 лица се водат како исчезнати, а властите предупредуваат дека бројот на жртви би можел да продолжи да расте.
Метеоролозите предвидуваат можност за повеќе врнежи од дожд во наредните денови, што би можело дополнително да ги комплицира спасувачките операции.
Трамп вчера за време на посетата на области во Тексас изјави дека никогаш не видел нешто слично и им се заблагодари на службите за итни случаи и на локалните жители за нивните напори.
Трамп, кој го посети погоденото подрачје во придружба на првата дама на САД Меланија Трамп, рече дека службите за итни случаи завршиле „неверојатна работа“ и дека поради тоа ги смета за херои и хероини, објави Си-Ен-Ен.
Трамп, зборувајќи во Кервил, Тексас, рече дека тој и неговата сопруга се сретнале со семејства во подрачјата погодени од поплавите кои ги загубиле децата.
Тој, исто така, изрази сочувство до семејствата на жртвите во кампот Мистик.

ПредходнаПо низа реакции и осуда во Кочани откажан концертот за одбележување на Петровден
СледнаЛажните полициски измами се во пораст – во 2025 година, полицијата започна национална кампања