
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во гостувањето на ТВ Сител изрази жалење и осуда за инцидентот во којшто беше вклучена градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, појасни какви дејствија презело Министерството
-Не е точно дека МВР не презема дејствија и оти не постапува. За денешниот инцидент факт број еден – полиција кога е повикана да дојде на местото на настанот дошла. Факт број два – Арсовска по настанување на инцидентот била повикана да дојде во полициска станица, но не дошла. Во болница биле констатирани телесни повреди, црвенила од страна на стручно лице, на левата потколеница. Откако завршил прегледот во болница, таа се упатила повторно во полициска станица, по што полициски службеници отпочнале со полициски дејствија, И во меѓувреме контактирале јавен обвинител. Лицето кое што го навела како такво е приведено, е во полициска станица и плус други две лица кои вербално се заканувале, рече Тошковски.
Информира дека при составување на записникот и примање на пријавата од страна на Арсовска, како што посочи, таа станала и си заминала и не го потпишала записникот.
-Повторно само на Фејсбук парадираме, на социјални мрежи, а притоа таа не го потпишала записникот. И сега се поставува прашање, да не случајно жртвата во овој случај којашто се прикажува во јавноста, е токму оној што предизвикал физички напад. Би ја замолил да не бега од МВР, од институциите. Изразувам длабоко жалење и осудувам било каков напад без оглед кој е нападнат во ситуацијава. Оосбено осудувам напад врз жена, особено ако таа жена е избрана на избори и застапува градоначалник. Но да не случајно, излезе на крајот, сето ова, да не е едно добро смислено сценарио за политички циркуз, каде што жртвата ќе биде токму оној кој сторил физички напад, бидејќи добивам некои такви информации, не знам, претпоставувам, јавно порача Тошковски. Не смееме да дозволиме некој грубо да ја манипулира македонската јавност смета првиот полицаец и тој смета дека сосотојбта е поинаква и повторно нес е осврнува на доказите туку дека Арсовска се разбудила од симиски сон па сеа и текнали за дивоградбите.
На прашањето дека Арсовска тврди дека на местото на инцидентот имало полциски службеници и биле сведоци на нападот и дали МВР ќе утврдува какви дејности преземале, Тошковски рече дека во целост ќе се утврди фактичката состојба.
-Не смееме да дозволиме никој да се чувствува небезбеден во Македонија, но иова што се случи денеска од аспект на физичко насилство без оглед кој го презел, го осудувам и ќе бидат преземени сите дејствија во насока на расветлување.




