дома Магазин Бранко Видаковиќ заврши во болница поради предозирање? Актерот се огласи и откри...

Бранко Видаковиќ заврши во болница поради предозирање? Актерот се огласи и откри како се чувствува!

Српскиот актер Бранко Видаковиќ се огласи во јавноста откако медиумите објавија дека бил примен на токсиколошко одделение во белградска болница поради наводно предозирање со метадон и бупренорфин, медикаменти што се користат во терапија за одвикнување од наркотична зависност.

Како што пренесоа српските медиуми, Видаковиќ бил пронајден дезориентиран во својот дом, по што роднина веднаш го однел во болница. Некои медиуми тврдеа дека актерот наводно испил две кутии метадон во комбинација со бупренорфин, што можело да има фатални последици.

Меѓутоа, самиот Видаковиќ ја отфрли оваа верзија и за „Телеграф“ изјави: „Ма не, колабирав само од жештината, ништо страшно. Добро се чувствувам, сè е во ред. Уште сум дебел и тоа е тоа. Пуштен сум дома. Колапсот беше бидејќи имам вишок килограми. Ви праќам поздрав, сè најдобро“.

Сепак, извори блиски до актерот за „Курир“ велат дека Видаковиќ веќе извесно време е во процес на лекување од зависност, но неодамна подлегнал на тешка криза, поради што земал голема количина од терапијата која му била препишана. Навремената реакција на неговиот роднина, кој го пронашол и однел во болница, можеби му го спасила животот.

Истите извори додаваат дека тој истиот ден, околу полноќ, разговарал со својата партнерка и се пожалил на болки во стомакот и општа слабост. Сега се наоѓа под медицински надзор и доколку закрепне според планот, можно е следната недела да биде пуштен од болница.

Да потсетиме, Бранко Видаковиќ одамна јавно зборува за својата борба со зависноста. Првпат се сретнал со дрогата во 1979 година, а хероинската зависност му оставила длабоки последици и во приватниот живот, меѓу другото, и развод од сопругата.
ПредходнаФОТО | Најскапото сирење во светот: Миризливо зеленикаво парче продадено за над 42.000 долари!
СледнаЛесни, освежителни и исклучително вкусни: Рецепт за лимон коцки со грчки јогурт