дома Македонија Економија Никој со сигурност не може да тврди дека цените на лебот и...

Никој со сигурност не може да тврди дека цените на лебот и брашното ќе бидат стабилни, велат мелничарите

  Никој со сигурност не може да тврди дека цените на лебот и брашното ќе бидат стабилни, ниту дека пченицата ќе продолжи да се откупува по договорените 12 денари за килограм, велат мелничарите.

Никој со сигурност не може да тврди дека цените на лебот и брашното ќе бидат стабилни, велат мелничаритеСпоред нив, како што изминува жетвата, така квалитетот на пченицата се повеќе се намалува и станува полош, несоодветен за производство на лебно брашно, па оттука и несоодветен за сегашната откупна цена.

Претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија Горан Малишиќ за МИА истакнува дека во последните 2-3 дена пченицата не ги исполнува условите за човечка исхрана поради што ќе се намали и откупот.

-Откупната цена за меркантилната пченица од замјоделците во цел свет се движи околу 155 до 160 евра. Тоа покажува дека кај нас, секако, како и секоја година, цената е поголема од берзите. Во однос на договорените 12 денари, тие се соодветни на квалитетот на пченицата во почетокот на жетвата, што не значи дека за пченицата со несоодветен квалитет ќе биде таа цена. Во случајов, како изминува жетвата, квалитетот се повеќе се намалува и станува полош, што видено од страна на мелничката индустрија е несоодветен за производство на лебно брашно и е несоодветен за таа цена. На почетокот на жетвата квалитетот беше во ред и задоволителен, но веќе во последниве 2-3 дена, пченицата не ги исполнува условите за човечка исхрана со што ќе се намали и откупот од страна на мелничарите, нагласува Малишиќ во разговор за МИА.

Тој уште еднаш ја нагласува важноста на домашното производство.

-Во Македонија работеа околу 79 мелници кои го хранеа населението, а сега нивната бројка е сведена на 9 до 10. Од нив повеќето функционираат за сопствени потреби (тие што имаат пекарници), а останатите работат со 15 – 20 отсто од својот капацитет. Мора да се носат сериозни, системски одлуки за заштита на домашното производство, а не популистички или од времен карактер кои не нудат никакви решенија, дециден е Малишиќ. Вкупните потреби за целосно покривање на државата се околу 300 000 тони квалитетна меркантилна пченица….

МИА

 

 

ПредходнаБезброј мали капели и параклиси ја зачувуваат огромната христијанска вера во Грција
СледнаНа граничните премини Табановце и Богородица се чека околу 30 минути