дома Живот Дали знаете како да го чувате лебот на високи температури? Никако во...

Дали знаете како да го чувате лебот на високи температури? Никако во фрижидер!

Лебот е намирница која домаќинствата ја купуваат секојдневно. Тој е важен дел од исхраната на населението, но зголемената количина леб завршува во отпад поради краткиот рок на траење.

Платнено ќесе

Многумина се одлучуваат лебот да го чуваат во фрижидер, а некои во садови. Сепак, експертката за отпад Софи Труман тврди дека најдобриот начин за складирање на лебот е во платнено ќесе (торба).

Кога лебот се чува во влажна или прегреана средина, може да дојде до создавање мувла, што е ризик за луѓето со респираторни проблеми и алергии.

– Запомнете, ако лебот е свежо направен, не треба да го чувате во херметички затворено ќесе, бидејќи нема да може да дише. Морате да го оставите да дише за да биде најдобар за јадење. Секогаш е најдобро да го чувате во корпа за леб или платнена торба, да се излади на собна температура – објаснила експертката.

Сув плакар

Уште едно идеално место е кутија за леб или ладен и сув плакар или фиока, каде што е заштитен од главните причини на расипување – топлината и влагата.

Не чувајте го во фрижидер

Таа истакнува дека фрижидерот всушност го забрзува процесот на формирање на мувла, поради процесот на ретроградација што предизвикува кристализирање на молекулите на скробот на пониски температури.

Подобра опција од ладење е замрзнувањето, кое може да го одржува лебот свеж неколку дена. Пред јадење оставете го да се одмрзне, а за крцкава структура ставете го во рерна неколку минути.
ПредходнаИмате висок холестерол? Не правете го ова по 17 часот
СледнаВИДЕО | Хигиената и удобноста на прво место: Стјуардеса ја препорачува најдобрата облека за патување со авион