Многу домаќинки пробуваат сè и сешто за да добијат совршена смеса за палачинки, додека некои сметаат дека нема ништо полесно од приготвувањето палачинки. Сепак, повеќето од нив прават голема грешка.
Нашите баби порано постојано велеле дека млекото ги прави палачинките жилави, како и дека смесата не треба да биде многу густа. Пригответе палачинки на овој начин и навистина ќе ви излезат помеки, потенки, а и подолго ќе ви останат тазе.
Состојки:
– 3 јајца
– 1,2 л вода
– половина лажиче сол
– прстофат шеќер
– 1,5 дл масло
– околу 25 лажици брашно
– малку прашок за печиво
Приготвување:
Изматете јајца, прашок за печиво, сол, шеќер, па постепено додавајте брашно и вода со постојано матење. Додајте масло и матете додека смесата целосно се соедини. Смесата не би требало да биде многу густа. Потоа, ставајте од смесата во тавче и пржете ги палачинките.