Руската воздушна одбрана синоќа одби напад на украински беспилотни летала врз Москва, соборувајќи најмалку 16 беспилотни летала, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.
Во објава на својот Телеграм канал, Собјанин рече дека службите за итни случаи работат на местото на падот на дронот, пренесува РИА Новости.
Едно од дроновите, според Собјанин, паднало во Зеленоград, каде што немало сериозни штети или жртви.
На сите аеродроми во Москва – Внуково, Домодедово, Жуковски и Шереметјево, воведени се ограничувања за пристигнување и заминување на авиони.




