дома Свет Убиен командантот на Хезболах, Ахмад Мохамад Салах

Убиен командантот на Хезболах, Ахмад Мохамад Салах

Командантот на Хезболах, Ахмад Мохамад Салах, е убиен во саботата во израелски воздушен напад во јужен Либан, соопшти израелската војска (ИДФ).
Според соопштението, објавено од „Тајмс оф Израел“, нападот со беспилотно летало бил извршен во градот Џочмор, каде што Салах бил задолжен за оперативните активности на Хезболах.

Израелската војска тврди дека Салах бил вклучен во обидите за обнова на инфраструктурата на Хезболах во областа, што, според ИДФ, ги прекршило постојните договори меѓу Израел и Либан.
Израелската војска претходно во текот на денот објави дека припадник на елитната единица Радван на Хезболах е убиен во одделен напад во градот Кијам, исто така во јужен Либан.

ПредходнаРИА Новости: Русија одамна е подготвена за нова рунда преговори со Украина
СледнаЈаневска во интервју за РСЕ: Не е можно трајно вработување на образовните асистенти